{"product_id":"2940046372458","title":"Zad neprijatelskite redovi, Spaseni od Tajnoto oruzje: Macedonian","description":"\u003cp\u003eВовед\u003c\/p\u003e\u003cp\u003eДа се преживее во Виетнам и да се врати дома жив, тоа бара добра обука, силна верба, ментално и физичко повторување на обуката, и реални и вистински врски. Ако се оддалечевме, не успевме да обрнеме внимание, не послушавме, игнориравме, или имавме заборавено што треба таму да направиме, процентот на преживеани во голема мера ќе се намалеше.\u003c\/p\u003e\u003cp\u003eВерувајте ми, имаше многу работи кои можеа да ни го одвлечат вниманието. Некои од нас станаа зависници од дрога и алкохол, други се навлекоа на секс, додека пак трети уживаа во возбудата да живеат на работ. Ова беше само дел од она што не уништуваше пред да појдеме во мисија и да се соочиме со нашите непријатели, змиите, болестите и другите животни во џунглата.\u003c\/p\u003e\u003cp\u003eОваа книга ни раскажува една возбудлива и интригантна приказна на мојата обука, искуство и врски од прва рака како наредник на американската армија со 75те ренџери во Виетнам во периодот од 1969 до 1970 година вршејќи извиднички мисии зад непријателските редови. И во 1971 година како ренџерски советник на Втората ренџерска команда во планинскиот џунглест регион на граничниот камп број 6 во селото Плеи-Мронг, во јужен Виетмнам во близина на границата со Камбоџа. Мојата мисија беше да ги научам и обучам виетнамските војници на ренџерски воени техники и да им помогнам да ги преместиме селаните ограбени од непријателот.\u003c\/p\u003e\u003cp\u003eОваа приказна ќе ве однесе од психичката војна до духовната војна на таков начин што вашата верба ќе биде обновена и ќе ви помогне со прашања за духовното царство и духовната војна што се случуваат секојдневно во нашите души. Мојата молитва е онаа која што растура светлост врз борбата помеѓу доброто (Бог) и злото (ѓаволот).\u003c\/p\u003e\u003cp\u003eОпуштете се и уживајте во оваа кратка и моќна приказна. Мојата мисија е да ве доведе лице во лице со Исус кога ќе стигнете до крајот на оваа книга. Да го зголеми вашето разбирање за тоа зошто Исус го направил она што го правел и зошто Тој ве сака и сака да биде во контакт со Вас и сака да ве промени од она што сте сега во сосема нова личност. Вие сте душата и целта на оваа книга.\u003c\/p\u003e\u003cp\u003eАвторот\u003cbr\u003eДани Клифорд\u003c\/p\u003e","brand":"Danny Clifford","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":47182890893552,"sku":"2940046372458","price":1.99,"currency_code":"USD","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0737\/7593\/9824\/files\/2940046372458_p0.jpg?v=1763690794","url":"https:\/\/shop-qa.barnesandnoble.com\/products\/2940046372458","provider":"Barnes \u0026 Noble (DEV)","version":"1.0","type":"link"}